Утрински Весник
Македонија

Јанкуловски: Колективниот договор ќе придонесе за подигање на стандардот на универзитетските професори

Јанкуловски: Колективниот договор ќе придонесе за подигање на стандардот на универзитетските професори

Потпишувањето на Колективниот договор на Синдикатот на УКИМ и Собранието е многу значајно за нас, од причина што универзитетските професори досега се чувствуваа запоставено. Се надевам дека нивните барања на овој начин се исполнети и тие ќе бидат поттикнати и мотивирани да го дадат својот максимум во образовниот процес, вели ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на тоа што високото образование е една од најважните продуктивни сили во општеството, сите сме свесни дека за да можеме да функционираме на повисоко ниво, здравствено и социјално, потребно е да произведеме и висококвалитетен кадар. За да имаме добри резултати на секое поле, мораме и да вложуваме постојано во него“, наведува Јанкуловски во соопштението.

Новиот Колективен договор, како што додава, ќе придонесе кон подигање на стандардот на универзитетските професори.

„Иако сме сè уште далеку од израмнување на нашите плати со оние во соседните држави, ова е еден голем чекор напред и ќе се стремиме кон тоа да се избориме за уште подобар стандард и подобри услови. Морам да напоменам дека секое зголемување на платите на универзитетските професори ќе има голем удел и во подобрувањето на идното рангирање на Универзитетот и во поглед на натамошни објавувања на трудови со импакт-фактор, кое сега не се случува многу често, токму поради недоволно финансиски средства“, подвлекува ректорот на УКИМ.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила