Утрински Весник
Македонија

Јанкуловска: Пишувањата на Груевски на Фејсбук ги нарече “лектири” и дека нема време да ги чита

Img 9066.jpeg

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска  која до неодмна издржуваше затворска казна му дава целосна поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски и успехот на партијата го спореди со успехот којшто се случи во 2006 година кога партијата од опозиција дојде на власт.

Во нејзиното прво гостување по победата на ВМРО-ДПМНЕ на поткастот „Претрес“, Јанкулоска зборуваше за „бомбите“, за затворските денови кои ги помина како осудена во случајот „Тенк“, но и за нејзиниот поранешен близок соработник, Никола Груевски, како и за поранешниот премиер Зоран Заев.

Според нејзе, „бомбите“ со кои СДСМ дојде на власт направиле во јавноста хистерија и биле вадени само сегменти кои кај јавноста ќе создадат негативна перцепција за одредени личности, поранешни фунционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова го нарече успешна и многу професионала пи-ар кампања на претходната власт на чело со Заев. Вели дека таа нема за што да му се извини на Заев, но порачува дека тој треба да размисли да и се извини на нејзе.

Таа политичка структура, според Јанкулоска била нарачател на пресудите кои ги носела судијката Добрила Кацарска.

Во разговорот не сакаше да го нарече нејзиниот поранешен шеф и близок соработник, Груевски „кукавица“, но рече дека со неговото бегство покажал дека не е доволно храбар за се соочи со предизвиците. Откри дека една недела пред неговото бегство се виделе, но ништо не навестувало дека планира таков чекор.

Неговите пишувања на „Фејсбук“ ги нарече „лектири“ и кажа дека нема време да ги чита, но дека била меѓу првите што го кажала ставот за неговото бегство.

Му порача дека лесно е да се коментира од далечина, но дека според нејзе тоа е погрешен чекор што таа никогаш не би го направила.

Како поранешен министер за внатрешни работи, смета дека Груевски не избегал сокриен во багажник, туку заминал како што секој човек оди на одмор со автомобил. Според нејзе, ваквиот чекор не би можел да биде изведен без „прогледување низ прсти“ на високи политички структури во тоа време.

Јанкулоска најави дека ќе продолжи да бара одговорност за масовното прислушување, како една од личностите што биле најмногу прислушувани, иако и таа беше дел од обвинетите за оваа операција.

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков не го посочи како одговорен за операцијата, но кажа дека е сигурна дека се одвивала во државна институција, а според обвинението прислушувањето се одвивало во УБК, зграда што се наоѓа во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Јанкулоска издржуваше затворска казна за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“ за Груевски. Во затворот „Идризово“ беше заедно со поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева за која рече дека е последната личност што требало да биде на таква функција.

Јанкулоска кажа дека нема амбиции за високи политички функции, но кажа дека е подготвена да излезе во пресрет на партијата ако се појави таква потреба.

Можете да прочитате

Собрани над 300 тони отпад од над 18.000 волонтери во Generalka weekend 2024 – најмасовна еко-акција во државата

Мицкоски: Драчево ќе добие ново училиште, на местото на стариот објект изграден пред 100 години – со ребалансот ќе предвидиме шест милијарди денари за општините за нови проекти 

Возел со фалсификувана дозвола, а полицијата му пронајде и дрога – Уапсен млад радовишанец