Утрински Весник
Македонија

Анкетите покажуваат накај Перински: Големо водство пред другите кандидати

Img 2719.jpeg

Според најновата анкета на интернет порталот „Локално.мк“, спроведена од 25 до 29 јануари 2025 година, граѓаните на Скопје изразуваат големо незадоволство од работата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Истражувањето, во кое учествувале 1.150 испитаници преку телефонско анкетирање, покажува дека 77% од граѓаните ја оценуваат нејзината работа како „слаба“ или „многу слаба“, додека 68% „воопшто немаат доверба“ дека таа ќе ги реши главните проблеми на градот.


Кој би бил најдобар иден градоначалник?

Во однос на потенцијалните кандидати за нов градоначалник, анкетата покажува дека:
• 18% од испитаниците го поддржуваат Златко Перински,
• 16,5% Коце Трајановски,
• 14% Орце Ѓорѓиевски,
• 11,5% Петре Шилегов.

Останатите потенцијални кандидати, како Висар Ганиу, Бобан Стефковски и Ѓорѓи Галетановски, добија помала поддршка.

Кои се најголемите проблеми во Скопје?

Анкетата покажа дека скопјани најмногу се загрижени за:
• Загадувањето на воздухот,
• Лошиот јавен превоз,
• Сообраќајниот хаос,
• Недоволната јавна хигиена.

Овие резултати укажуваат на сериозна потреба од итни мерки за подобрување на квалитетот на живот во Скопје, како и можни промени во локалното раководство.

Можете да прочитате

Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик