Утрински Весник
Свет

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

20250804085510 big 730x400 85.webp.webp
Dik 300x250 mk

Само околу еден од шест Германци велат дека би се бореле без двоумење во случај на воен конфликт, според нова анкета цитирана од ДПА.

Анкетата, спроведена од германскиот институт Форса, покажува дека 16 проценти од испитаниците „дефинитивно“ би се бореле, додека други 22 проценти рекле дека „веројатно“ би го сториле тоа.


Јасно мнозинство од 59 проценти велат дека „веројатно не“ или дефинитивно не би биле подготвени да ја бранат Германија со оружје доколку земјата биде нападната. Кај жените, овој процент на оние кои не се подготвени достигнува 72 посто.

Во исто време, повеќе од еден од четири испитаници (27 проценти) велат дека сметаат дека можноста за воен напад врз Германија во следните пет години е многу или донекаде веројатна.

Во меѓувреме, 59 отсто од испитаниците рекле дека сметаат дека е веројатно Германија да мора да обезбеди воена помош на друга земја-членка на НАТО во овој период како дел од своите обврски за меѓусебна одбрана. Анкетата на околу 1.000 германски граѓани ја спроведе „Форса“ на 28 и 29 јули, во услови на засилена дебата во земјата за нејзината подготвеност да се одбрани.

Резултатите имаат маргина на грешка од плус или минус три процентни поени, забележа ДПА.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа