Утрински Весник
Македонија

Анкета на ИПИС: Власта стабилна, Ахмети најсилна фигура во опозицијата

Vmro dpmne sediste5.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за владејачката ВМРО-ДПМНЕ би гласале 26 проценти од граѓаните, додека за опозициската СДСМ би се определиле 9,8 проценти. Најголема доверба меѓу политичарите ужива премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а мнозинството испитаници ја поддржуваат и примената на системот „Безбеден град“.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС) со наслов „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“, спроведено преку телефонска анкета во периодот од 15 до 18 декември годинава, на примерок од 1.114 полнолетни испитаници.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори?“, граѓаните одговориле:

  • ВМРО-ДПМНЕ – 26%
  • СДСМ – 9,8%
  • Коалиција ДУИ – 8,9%
  • Коалиција ВЛЕН – 8,2%
  • Левица – 5,9%
  • ЗНАМ – 3,9%
  • Друга партија – 1,7%

Притоа, 13,1 процент од испитаниците изјавиле дека не би гласале за ниту една партија, 11 проценти одбиле да одговорат, а 11,7 проценти рекле дека не знаат.

Во однос на довербата во политичарите, на прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“, 27,3 проценти од граѓаните го посочиле Христијан Мицкоски. Истовремено, 25,5 проценти одговориле „ниту еден“, додека 9,5 проценти немале одговор.

Според анкетата, довербата во останатите политичари е распределена вака: Али Ахмети (9%), Венко Филипче (5,1%), Димитар Апасиев (5%), Максим Димитриевски (3,8%), Изет Меџити (3,5%), Билал Касами (2,8%), Африм Гаши (2,3%), Гордана Сиљановска-Давкова (2,1%), Стево Пендаровски (1,3%) и Никола Груевски (1,1%).

Работата на Владата позитивно ја оцениле 26,1 проценти од испитаниците, додека 26 проценти ја оцениле како „донекаде позитивна“. Негативно мислење имаат 23,4 проценти, а „донекаде негативно“ се изјасниле 17,9 проценти од анкетираните.

Истражувањето покажува и висока поддршка за системот „Безбеден град“. Целосна поддршка за поставување камери за мерење брзина и регистрирање сообраќајни прекршоци дале 63,9 проценти од испитаниците, а 12,6 проценти одговориле „донекаде да“. Против воведувањето на овој систем се изјасниле 7,5 проценти.

Од ИПИС информираат дека истражувањето е спроведено на случаен репрезентативен примерок, со почитување на демографските карактеристики на населението.

Можете да прочитате

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk

Сиљановска-Давкова: Со донацијата во Хидробиолошкиот завод – Охрид, ТИКА повторно на дело го докажа турско-македонското пријателство

Напад со нож во струшко, едно лице тешко повредено