Утрински Весник
Македонија

Анкета на ИПИС: Ако утре има избори најголем број гласови би добиле ВМРО-ДПМНЕ, 18,3 отсто не би гласале за никого

Анкета на ИПИС: Ако утре има избори најголем број гласови би добиле ВМРО-ДПМНЕ, 18,3 отсто не би гласале за никого

Во анкетата на Институтот за политички истражувања, на прашањето доколку следната недела има избори, 20 отсто од гласачите одговориле дека би се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 отсто би го поддржале СДСМ, а 6,5 отсто гласот би го дале за ДУИ.

dobivaj vesti na viber

За Алијанса за Албанците би гласале 2,6 отсто, Левица 3,3, 2,3 отсто за БЕСА и 1,4 отсто за Алтернатива.

За ниту една партија не би гласале 18,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 14,6, а одговор немале 14,7 отсто

На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 13,5 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 5 отсто за Димитар Ковачевски, 2,8 отсто за Стево Пендаровски,1,5 отсто за Зоран Заев, а 6,6 проценти за Али Ахмети. 1,1% е поддршката за  Зијадин Села, 3% на Димитар Апасиев, 2,2 отсто во Билал Касами, 1,3 отсто на Африм Гаши, 3,7% на Максим Димитриевски, а 2,3 отсто за Никола Груевски. Голем процент од анкетираните – 39,7 отсто  одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 12,1% отсто, а 3,4 проценти се изјасниле за друг.

Анкетата е реализирана во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1 112 полнолетни испитаници на ниво на Македонија, пренесуваат повеќе медиуми.

За договорот со „Бехтел и Енка“ 45,1 отсто рекле дека се против договорот, 24,8 го поддржуваат, а 30,1 отсто не одговориле.

 

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско