Утрински Весник
Македонија

Ангов: Алармантна е состојбата со пожарот во Николиќ, потребна е воздушна помош

Image 2025 07 09 172116384.png
Dik 300x250 mk

Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.


Пожарот кај ова дојранско село се гасне веќе трет ден, а според последната информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста шума.

Два тима на пожарникари од ТППЕ Струмица по наредба на градоначалникот Костадин Костадинов заминаа на помош на своите колеги во Крива Паланка и селото Николиќ, Дојран, за да помогнат во справувањето со големите огнени стихии.

Инаку, лани, на почетокот на август, имаше голем пожар пред селото Николиќ, кој се гаснеше со поддршка од воздух.

ТППЕ Струмица пред малку објави дека во последен момент е спречено разгорувањето на шумскиот пожар што избувнал попладнево во падините на Беласица, над селото Мокрино. Екипи на ТППЕ Струмица, помогнати од ЈП „Национални шуми“ и месното население го изгаснале пожарот.

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица