Утрински Весник
Спорт

Англија и Сан Марино изедначeни според бројот на голови од игра во Лигата на нации

Англија и Сан Марино изедначeни според бројот на голови од игра во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Англија доживеа нов пораз во Лигата на нации, а селекторот Герет Саутгејт запиша негативни рекорди.

dobivaj vesti na viber

Англија, во Милано, загубија од Италија со 1:0. На „Сан Сиро“, избраниците на Саутгејт одиграа уште еден натпревар во кој не го најдоа патот до голот на противникот.

Англичаните сега се единствениот тим, заедно со Сан Марино, кој во пет натпревари нема постигнато гол од игра. Единствениот гол оваа сезона за Англија во Лигата на нации го постигна Хари Кејн од пенал во 88.минита против Германија.

Со поразот од Италија, Англија испадна од елитната А-дивизија во Лигата на нации.

Светското првенство во Катар започнува за неполни два месеци, а Саутгејт не личи на селекторот кој стигна до полуфиналето на Мундијалот и финалето на ЕП. Навивачите ширум Англија бараат отказ на Саутгејт.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара