Утрински Весник
Економија

Ангеловска-Бежоска – Радев: Продолжува добрата соработка помеѓу Народната банка и централната банка на Бугарија

Angelovska Bezhoska Dimitar Radev.jpg

Актуелните прашања за економската состојба во Европската Унија, како и економските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот во однос на задржувањето на ценовната и финансиската стабилност беа главните теми на разговорот помеѓу гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Бугарската народна банка, Димитар Радев, кои остварија средба во рамките на работната посета на гувернерката на Република Бугарија.

На средбата помеѓу двајцата гувернери беше заклучено дека банкарските системи и на двете земји покажуваат солидни остварувања и релативно висока отпорност на надворешните шокови во изминатиот период на кризи. Гувернерите истакнаа дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е натамошно внимателно следење на инфлациските движења.

На средбата, двајцата гувернери истакнаа дека задржувањето на професионалноста и независноста на централните банки е од исклучителна важност за задржувањето на ценовната и финансиската стабилност на земјите.

Ангеловска-Бежоска и Радев изразија стремеж за продлабочување на досегашната соработка и во натамошниот период, како и за размена на искуства и знаења за предизвиците со кои се соочуваат централните банки, во околности на неизвесно макроекономско окружување со нагласени геополитички ризици.

Можете да прочитате

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Битиќи: Македонија се движи кон автократски модел на владеење, се задушува слободата на говор

Цената на нафтата ќе порасне, но не така драматично како онаа на гасот, смета Андреевски