Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Унапредување на квалитетот во работата преку обука со сопствени кадри

Ангелов: Унапредување на квалитетот во работата преку обука со сопствени кадри

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во рамките на унапредување на квалитетот во работата во ЦУК, истакна дека се и обуките за вовед во практичната работа спроведувани од професионалци и од поискусните колеги во Центарот, при посетата на обуката на операторите приматели на повици на единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК. Притоа тој со пластични примери од работа под притисок – во стресни услови, што беа дел и од неговата работна дводецениска кариера во одбранбено-безбедносните структури во државата, им посочи како се решаваат одредени специфични ситуации и што имплицира тоа решавање како дејство и на терен. Повеќето примери беа поврзани со сегашната веќе осуммесечна работа и функционирање на телефонскиот број за итни повици 112, во координација и соработка со полицијата, брзата помош, противпожарни единици и со колегите од регионалните центри за управување со кризи во нашата држава и дежурниот оперативен центар во ЦУК.

dobivaj vesti na viber

Инаку, обуката на операторите приматели на повици на единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК се организира со сопствени кадри од Секторот Е -112 и се одржа во периодот од 3 до 7.10.2022 година за дел од вработените приматели на повици во Скопје.

Фактографски и кусо, преку бројот на примени повици, податоците ја отсликуваат големата фреквенција на работа на единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК, од неговото пуштање во употреба на 11 февруари, на Денот на европскиот број за итни случаи 112, па до 1 октомври годинава, конкретно, се примени вкупно 326.524 повици или во просек 1.407 повици дневно.

Бројките, согледани по месеци, се следните: во февруари (се примаа повици само од територијата на Скопје) се примени 11.321 повик, а просекот беше околу 629 повици дневно. Од 1.3.2022 година се почна со прием на повици на 112 од целата територија на Македонија. Во март примени се 55.767 повици и просекот за овој месец е 1.799 повици дневно. Во април примени се 42.100 повици или во просек 1.403 повици дневно. Во мај примени се 44.839 повици или во просек 1.446 повици дневно. Во јуни примени се 41.759 повици или во просек 1.392 повици дневно. Во јули примени се 44.467 повици или во просек 1.434 повици дневно. Во август примени се 47.553 повици или во просек 1.534 повици дневно. Во септември примени се 38.628 повици или во просек 1.407 повици дневно.

Можете да прочитате

Ќе има мерки многу скоро кои ќе бидат прецизни и таргетирани, вели Мицкоски за инфлацијата

М-НАВ најавува нови вработувања и модернизација, синдикатот предупредува на можен штрајк

Тренчевска: Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани заслужуваат и финансиска помош и правда