Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Се работи за хибриден напад, пожарите не се случајни

Img 6942.png

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во изјава за Канал 5 изрази сомнеж дека серијата пожари што ја зафатија државата е дел од хибриден напад.

„Според моето полициско и безбедносно искуство, невозможно е во толку краток период да настанат вакви пожари кои предизвикуваат сериозно загадување на воздухот, што потоа може да се искористи за политичко влијание,“ изјави Ангелов.


Тој појасни дека разговарал и со сопственикот на компанијата каде што избувна пожар, кој нагласил дека електронскиот отпад е многу тежок за палење и не може сам да се самозапали. „Повеќе од 15 години постои ова складиште и досега немало никаков проблем. Но тоа е само мој сомнеж,“ додаде Ангелов.

Тој увери дека безбедносните служби агилно работат на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Приведени 16 возачи, 11 од нив возеле без возачка дозвола

Вработен во „Македонски железници“ повреден од струен удар

За семејно насилство приведени шест лица