Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола

Stojance05 Scaled.jpg

Пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола, благодарение на радовишките пожарникари, градоначалникот на Радовиш и локалното население кое даде голема поддршка во справувањето со овој пожар, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според него, тоа значи дека пожарот не може да се шири и да зафати нови површини, но има спорадични горења во јадрото.

Инаку, пожарот во близина на село Штурово над Радовиш, на планината Плачковица, започна да гори вчера од 16:20 часот и имаше опасност да ги зафати блиските куќи и викендици

Можете да прочитате

Левица сподели фотографија од сообраќајката а Сашо Јанчев – „Нашиот пратеник не возел над дозволеното и не бил пијан“

ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот

Една жена е во болница поради вдишување на чад од пожарот во Труберево – Тројца пациенти се испратени на домашно лекување