Утрински Весник
Скопје

Ангелов: Објекти на Водно се под ризик од свлечишта

Nepresusnoto unistuvanje na vodno 04.jpg

Стојанче Ангелов, алармира дека на падините на Водно се наоѓаат објекти кои се директно загрозени од свлечишта и нестабилно земјиште.

„Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме“, рече Ангелов во гостување на ТВ Телма. Според него, делови од теренот веќе се нарушени, земјиштето продолжува да се лизга, а неколку потпорни ѕидови се урнати.

Ангелов посочи дека проблемот не е ограничен само на еден потег на падината и дека се неопходни брзи мерки, засилен мониторинг и процена на стабилноста на критичните зони. Институциите веќе работат на оваа проблематика, а во ЦУК се одржани неколку координативни средби на кои врвни професионалци активно се вклучени

„Жителите на Водно често не ја сфаќаат целосната опасност бидејќи се навикнати на животот во тој предел. Но, видеа и искуства од целиот свет покажуваат дека свлечишта можат да предизвикаат сериозни штети и да загрозат човечки животи“, предупреди Ангелов.

Можете да прочитате

Два инциденти со физички напади регистрирани во Чаир

Ѓорѓиевски: Нови и модерни спортски терени добиваат средните скопски училишта

Три огледала во центарот на Скопје со порака против говорот на омраза