Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Најсериозен е пожарот на Серта, шумскиот пожар над Радовиш влезе во борова шума

20240715113243 Big 730x400 79.webp.webp

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов попладнево изјави дека денеска во земјата се активни десет пожари на отворено од кои неколку од попладнево, како што е шумскиот пожар над Радовиш, кој влезе во борова шума.. Најсериозен и најтежок пожар за гаснење, потенцира тој, е пожарот на планината Серта, кој сега се простира делумно на територијата на Штип и делумно на територијата на Неготино. Голем пожар има и во Општина Ново Село, на планината Огражден.

-За жал, попладнево овој пожар уште повеќе се разгоре. Моментално таму дејствува еден турски хелихоптер и најверојатно попладнево ќе му се придружи и еден полициски хелихоптер. Покрај ова, голем пожар имаме и во Општина Ново Село, на границата со Бугарија, на планината Огражден каде што денеска цел ден дејствуваат четири ер трактори – два на Дирекцијата и спасување и два турски ер тракори. Имаме голем успех со дејствувањето на ер тракторите. пожарот е при крај да биде локализиран. Јас сум голем оптимист и сметам дека вечерва овој пожар ќе биде локализиран за да можеме утре ер тракторите да ги упатиме кај големиот пожар кај планината Серта, рече директорот на ЦУК.

Воедно, како што кажа, утре претпладне се очекува да пристигнат и два хелихоптери од Словенија – еден голем хелихоптер со носивост од пет тона од Србија, а најавен е и еден хелихоптер од Црна Гора.

-Овие ресурси добар дел од нив ќе ги сконцентрираме на планината Серта и во зависност од развојот на состојбата и на некој од другите шумски пожари затоа што состојбата се менува од минута во минута, рече тој во изјава за медиумите.

Ангелов изјави дека во гаснењето на пожарите денеска се вклучени и 103 орипадници на Армијата и 30 припадници на полицијата, сите во гаснењето на пожарот на планината Серта. – Во случај на потреба имаме на располагање дополнителен број на војници, како и дополнителен број на полицајци, но теренот на планината Серта е таков што не дозволува поголем ангажман на луѓе од земја, бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума, изјави Ангелов.

Тој информираше и изрази жалење поради тоа што во изминатите два дена со огнот биле зафатени и одредена количина на зимзелена шума.

Ангелов информираше дека пожарот над Радовиш попладнево зафатил и борова шума. – Пожарот кој изби над Радовиш се претвора во многу тежок шумски пожар бидејќи огнот веќе влезе во борова шума. Локалните пожарникари од ТППЕ Радовиш се обидуваат да ја пресеќат инијата на огнот. Сега ќе побараат помоѓ од ТППЕ Струмица, рече Ангелов.

Според него, овде е лоша прогнозата од искуството со пожари во борова шума бидејќи се многу тешки за гаснење. Најави пренасочување на некои од воздухопловите за гаснење на пожарот. – Се работи за пожар кој е на седум километри подалеку од Радовиш, на неколку километри од боровата шума има викенд населба покрај самата река. Пожар кој може да прерасне во уште пострашен пожар, изјави Ангелов.

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?