Утрински Весник
Скопје

Јаневски: И вие згрешивте со Заев и ние згрешивме со Арсовска

Filip Janevski 13.03.2025.jpg
Dik 300x250 mk

„Поголеми глупости во последниве половина час, немам слушнато одамна. Не е нормално. Пред 7-8 години, околу 50 милиони патници се превезуваат со ЈСП Скопје. Сега таа бројка е преполовена. Со приватните превозници проблеми на секои шест месеци. Со вработените проблеми, платите им доцнат, постојано на некој нешто должиме…И вие мене ми велите сега да го смениме возниот ред и да не ги лажиме граѓаните, а да го смениме директорот или градоначалникот тоа не ви текнува како решение? Точно е дека ја гласавме градоначалничката и 119 илјади други граѓани. Што не отидете на тие граѓани да им кажете: „Сега трпете си ја?“. Каков е тој однос“, рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски на денешната Седница на Град Скопје говорејќи за предлог-одлуката за именување на линискиот превоз на патници во градот.

Јаневски во овој контекст го спомна и екс-премиерот Зоран Заев, во своето обраќање кон советниците од редовите на СДСМ.


-И вие го гласавте Заев, па, сега гледаме на што дереџе сме дојдени. Фала му на Господ што не е (на функција). Затоа за 6 месеци отсега ниту градоначалничката нема да биде. Сепак, не е поентата сега ние да си префрлуваме вина. Сме згрешиле и признаваме. Ајде сега грешката да ја поправиме, а не да ја префрлуваме топката вие она, вие ова…Ајде да видиме каде се потрошени 24 милиони евра во последните 2 години само за субвенции, додаде советникот.

Можете да прочитате

Во Радишани се гради потпорен ѕид за заштита од одрони

Околу 60 автобуси на ЈСП деновиве ќе се вратат на скопските улици, најави новиот геадоначалник

Мицкоски: Започнува изградба на културен дом во Општина Петровец