Утрински Весник
Македонија

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Janevska.webp.webp
Dik 300x250 mk

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН, и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во учичиштата согласно можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна јаневкса на денешната прес-конференција.

„По дојавите за поставување на експлозивни направи во основните и средни уличишта низ државата, утрово во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање на мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво“, посочи Јаневска и додаде дека како што е веќе соопштено сите дојави се лажни.


„Направени се проверки во училишните објекти а учениците се вратени на настава. Благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Училиштата во случај на понатамошни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат од стручните лица од министерството“, истакнува Јаневска.

Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од МВР и најавија повеќе информации за текот на денот.

Можете да прочитате

Мицкоски во дводневна посета на Обединетото Кралство

Во октомври трошоците за живот на граѓаните се повисоки за 467 денари во однос на месец септември

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000, нашата борба можеби е тешка, но е праведна