Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку

Janevska.webp.webp

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната конференција со наслов „Демографски предизвици и можни решенија“.

Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување. Мора да бидат сфери кои ќе им овозможат на младите квалитетен процес за лична наобразба, но и сфери каде тие ќе остваруваат работен ангажман, во образовните и во научните установи“, рече Јаневска, додавајќи дека за повеќе образовни и научни можности, буџетот на министерството оваа година е најголем досега.


„Го јакнеме ученичкиот и студентскиот стандард. Воведовме мерки и финансиска поддршка која во минатото не постоеше, особено за талентираните деца да можат да учествуваат на големи натпреварувања. Го зголемивме обемот на стипендиите, проширивме опфат на повеќе ученички и студентски права. Го усогласуваме образованието со потребите на пазарот на труд, за да можат младите во кратко време да најдат работа и економски да се осамостојат“, рече министерката, додавајќи дека во фаза на изработка е нов Закон за високо образование кој ќе предвиди можност за вработување на најдобрите студенти од секоја генерација на државните универзитети.

Информираше дека двојно е зголемена поддршката за науката и за научно – истражувачки проекти кои се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација, потенцирајќи дека младите научници веќе ги знаат и областите во кои има повеќе можности за просперитет и за придонес кон развој на државата.

Можете да прочитате

Угинато куче со пена на устата најдено на улица во Кавадарци, телото на обдукција

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево

Левица: Ревизијата покажа дека во Охрид има 4.847 дивоградби кои власта не ги урива