Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти

Janevska.jpg

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека работат на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти.

Прашана дали ќе има измена на моделот на студентскиот оброк и во кој правец се размислува, Јанвеска одговори потврдно.


– Да, се планира, во овој момент работиме на законот за студентски стандард. Според дописот што го имаме добиено од студентите, студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти, информираше Јаневска, за време на посетата на „Саемот за образование“ во организација на студентската иницијатива „Студентарија“.

Таа соопшти и дека реновирањето на студентскиот дом „Пелагонија“ ќе почне откако ќе бидат завршени двата дома што сега се разубавуваат.

– Реновирањето на домовите мора да оди постепено за да можеме да ги сместиме студентите кои сакаат да студираат во Скопје. Затоа, откако ќе бидат завршени двата што се започнати, ќе почне реновирањето и на „Пелагонија“, одговори таа на новинарско прашање.

Можете да прочитате

Поставена мерна станица во Трубарево која ќе биде во функција 24 часа

Левица сподели фотографија од сообраќајката а Сашо Јанчев – „Нашиот пратеник не возел над дозволеното и не бил пијан“

ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот