Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Со 6 милиони евра поддржуваме иновативни проекти на универзитетите

Vesna Janevska Scaled 1.jpg

Преку потпишување на меморандум помеѓу Агенцијата ИНОВА и државните универзитети, се официјализираше соработката насочена кон зајакнување на научно-технолошкиот развој. Министерката за образование, Весна Јаневска, порача дека академската заедница е столбот на знаењето и иновациите.

„Се радувам што преку ИНОВА ја зајакнуваме соработката со универзитетите, затоа што токму академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок. Верувам дека заедно ќе изградиме поквалитетен високообразовен систем, ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици.“


Таа вели дека новата законска регулатива ќе понуди подобра стимулација за научната работа и истражувањата.

„Како Министерство за образование и наука, остануваме посветени на поддршката на универзитетите. Поставуваме нова законска рамка со повеќе можности за стимулација на трудот на академската и научната заедница. Обезбедуваме континуирани инвестиции во високото образование, науката и истражувањата, што се потврдува преку средствата кои се издвојуваат од државниот буџет.“

Според неа минатогодишните 6 милиони евра наменети за иновативни проекти на универзитетите, МАНУ и компаниите се доказ за сериозниот пристап кон оваа област. Покрај министерката и директорката на ИНОВА, на настанот свое обраќање имаа и премиерот Христијан Мицкоски, како и ректорите на државните високообразовни установи.

Можете да прочитате

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала во Центарот за култура 

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу