Утрински Весник
Македонија

Јаневска: По малку разбирам албански, но ќе го усовршам кога ќе имам време

20251109125801 big 730x400 74.webp.webp

„Доколку имам повеќе време ќе се потрудам да го доусовршам мојот албански јазик“ изјави министерката за образование Весна Јаневска за весникот ВЕЧЕР по забелешката од коалициониот партнер во Владата, ВРЕДИ дека наместо да се чувствува лошо што додека Биљал Касами зборува македонски и албански, таа, и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански.

Министерката Јаневска во неделата за време на новинарските прашања му сугерираше на градоначалникот на Тетово да зборува и на македоснки јазик. Таа изјави дека по настанот со Касами се разделиле пријателски и не знае од кои мотиви ВРЕДИ реагира.


Нејзината реакција до градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, освен на албански јазик, на новинарски прашања да одговара и на македонски јазик, се случи неделата на настан посветен за промоција на знаењето.

„Ве молам, градоначалник, накратко само, за да разбереме и ние кои не знаеме добро албански… Извинете, накратко само кажете ни што зборувавте ве молам, ве молам“, рече Јаневска, објаќајќи му се на Касами кој одговараше новинарски прашања на албански јазик.

„Да завршам на албански и ќе кажам и на македонски“, ѝ возврати тетовскиот градоначалник.

Ден подоцна од албанската Коалиција која е дел од власта, реагираа дека потегот на Јаневска бил спротивен на духот на почитување и соживотот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции и ѝ порачаа на министерката дека непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација.

„Наместо да се чувствува лошо што додека Касами зборува македонски и албански, таа, и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански, министерката Јаневска реагираше зашто не разбира албански јазик. Во едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја учат зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаеш ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираш на употребата на албанскиот јазик, е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество“, реагираа од ВРЕДИ.

Јаневска вели дека недоразбирањето настанало кога градоначалникот планирал да ги одговори сите прашања, па потоа да каже на македонски за што станува збор.

Целиот текст прочитајте го на Вечер со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Уапсен полицаец, oсомничен е дека со уште три други лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје

Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод заклетвата на 29. класа на питомци и слушатели на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг