Утрински Весник
Македонија

Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите

Janevska.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15 000 средношколци.

-Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците и на државата. Дополнително напоменувам дека е затегната легислативата и таа треба максимално да се почитува, рече Јаневска денеска при посетата на Градежниот факултет при УКИМ.


Втората порака е до учениците – испитот, рече таа, е дел од нивното образование и не треба да претставува никаков проблем.

-Тие треба да пристапат како кон нормален, составен дел на нивното образование. Им порачувам и да не се борат со системот, да не бидат премногу иновативни изнаоѓајќи разни начини да се снајдат при полагањето на државната матура.Поконкретно кажано, ги замолувам одредени групи, групации и поединци да не го користат препишувањето како метод за полагање на државната матура. Затоа што тоа не е ниту во нивна корист, ниту во корист на нивните родители, ниту во корист на државата, апелираше Јаневска.

Како што рече, се е подготвено за спроведување на завршниот испит и ќе тече без никаков проблем.

-Само уште овие два услова да се исполнат, а верувам дека ќе бидат исполнети, додаде министерката.

За утрешниот прв екстерен испит се пријавени 9969 ученици за македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни. (МИА)

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје