Утрински Весник
Македонија

Јаневска на средба со раководството на СОНК: Повисоки плати и подобри услови за работа се приоритет

Vesna Janevska Vesna Janevska 1 1.jpg

Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе продолжат да се заложуваат за унапредување на правата и подигнување на општествениот и материјалниот статус на наставниците, стручните соработници и другите вработени во училиштата, потврдија денеска на работна средба министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Вработените во образованието, а особено просветните работници се клучна алка во процесот на создавање генерации од кои многу очекуваме. Затоа, тие треба да бидат мотивирани, а мотивацијата најмногу зависи од грижата на државата кон нив. Зголемувањето на платите и подобрувањето на условите за работа во училиштата се програмски определби на новата Влада и уверувам дека целосно ќе ги реализираме“, рече министерката Јаневска.

Претседателот на СОНК, Неделков рече дека министерката доаѓа од наставничката фела и дека таа добро знае што им недостасува на наставниците и каква е состојбата во образовните установи. Очекувајќи поголеми промени од тој аспект во следниот период Неделков изрази надеж за успешна соработка со новата Влада.

Можете да прочитате

Судија нареди Трамп да ги врати на работа илјадниците отпуштени службеници

Македонија сака да увезува 18 видови отпад

Вајц: Загрижувачки знак на политичко мешање во судството притисокот на членовите на Судски совет да поднесат оставки поради наводна политичка припадност