Утрински Весник
Македонија

Јанев од Тетово: Со иницијативата „До вас, за вас” ги отвораме вратите на полицијата за поголема доверба во

032 Scaled.jpg

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во Тетово присуствуваше на четвртиот настан од иницијативата „До вас, за вас”, која е дел од посветеноста на за приближување на полицијата до граѓаните.

Директорот Јанев го отвори настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните и истакна дека ова иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и заедницата.


„Граѓаните знаат дека овде сме за нив, ние сме нивен сервис и во една заедничка соработка можеме да оствариме напредок во повеќе сегменти, како во сузбивање на криминалот така и во превенција на сите такви појави и заеднички да придонесеме кон една поголема безбедност на сите. Статистиката покажува дека полиција е секогаш прва на местото на настанот и со ваква подадена рака до сите граѓани нашата порака е дека полицијата е партнер на граѓаните, одговорна за нивната безбедност и сакаме да ја добиеме довербата на сите наши граѓани.”, потенцираше директорот Јанев.

Директорот Јанев на крај уште еднаш даде уверување дека полицијата не е тука да владее туку да им служи на граѓаните бидејќи таа потекнува од нив за нив и взамената соработка и доверба со граѓаните ќе продолжат да се надградуваат постојано и во иднина.

Можете да прочитате

Владата тргнува во разрешување на државниот обвинител Коцевски

Николоски: Ќе се реконструира болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Одбележани 69 години од мавровската трагедија кога во лавините под Кораб загинаа 52 лица