Утрински Весник
Македонија

Јанев: Ја зацврстуваме и продлабочуваме соработката меѓу македонската и полицијата на ОАЕ

Image 2025 11 14 112937560.png

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, во рамки на која оствари билатерални средби со шефовите на полиции и високи полициски претставници од Абу Даби и Дубаи.

На средбите директорот Јанев ја истакна важноста од продлабочување на полициската соработка и размена на искуства во области каде полицијата во ОАЕ постигнува иновативни резултати во справувањето со безбедносните предизвици и гарантирањето на јавната безбедност. Акцентот беше ставен на технолошкиот развој, дигитализацијата на полициското постапување и примената на вештачка интелигенција за унапредување на ефикасноста во секојдневните полициски операции.


„Имав можност да ја посетам „паметната полициска станица“, пример за современи ИТ решенија што ја зголемуваат транспарентноста и оптимизацијата на човечките ресурси. Со колегите од ОАЕ договоривме воспоставување директни контакт точки за соработка во разни криминални области, меѓу кои и бегалци од правда кои се наоѓаат на територијата на ОАЕ, а колегите од ОАЕ се подготвени да дадат придонес од нивното искуство во имплементација на дигитализацијата во македонската полиција, како и да отпочнеме проекти и активности поврзани со крипто и финансиски измами, организиран криминал, недозволена трговија и Е-криминал, а разговаравме и за идна размена на полициски службеници за обуки и едукации“, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев.

Во рамки на посетата Јанев оствари и средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал Раиси, со кого беше разговарано за унапредување на меѓународната полициска соработка и активното учество на македонската полиција во оперативните задачи на ИНТЕРПОЛ, со акцент на важноста од вклучување во оперативните задачи на Генералниот секретаријат во лоцирање и лишување од слобода на бегалците од правдата и активностите поврзани со претстојните избори во рамки на Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ, за управувачките тела на Организацијата.

„Несомнено дека односите меѓу македонската и полицијата на ОАЕ се зацврстуваат и продлабочуваат, особено во делот на превенцијата, дигиталните технологии и едукацијата на човечките ресурси“, рече Јанев заклучувајќи дека оваа посета претставува нов поттик за продлабочување на партнерството и заедничкиот ангажман во градењето поцврсти темели за посовремена, поефикасна и побезбедна полициска служба во интерес на сите граѓани.

За време на посетата на Обединетите Арапски Емирати директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ја посети и македонската амбасада во Абу Даби.

Можете да прочитате

Мицкоски: ФЗО беше институција со сериозно разнишан кредибилитет, преку реформи и правилни политики ја претвораме во стабилна и модерна институција

„Години на опасно живеење“ — вечер на перформанси, проекции и музика

ФЗО одбележа 25 години од основањето