Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево

Image 2025 10 03 094255614.png
300x250 opst2

Вчера граѓаните на Крушево јасно порачаа дека обидите за цензура на Левица од страна на власта на ДПМНЕ не поминуваат лесно. Народот, како што истакнаа од Левица, го препознава хибридниот режим на премиерот Христијан Мицкоски и бара промена.

На собирот во Крушево присуствуваа кандидатот за градоначалник Зоран Јанески, носителот на советничката листа Атанас Најдоски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. 


Кандидатот за градоначалник Јанески нагласи дека неговото минато е чисто и дека за разлика од неговите противкандидати нема сомнителни тендери, ниту пак користел функции за лична корист.

„Мојата цел е да отвориме нови работни места за обичниот граѓанин. Ќе се посветам целосно на работата и ќе работам исклучиво за доброто на сите. Крушевчани добро знаат дека кога нешто ќе почнам, тоа и го реализирам во целост. Во изминатиот период не се отвори ниту едно вистинско работно место за обичниот работник, освен за партиска администрација. Во иднина, вработувањата ќе бидат исклучиво според способностите и образованието,” изјави Јанески.

Тој додаде дека достоинството на работникот мора да биде вратено и дека општината може да се обнови единствено со чесна работа и одговорно управување.

„Силата е во нас. Со работа можеме да ја обновиме општината која беше уништена,” порача Јанески.

Можете да прочитате

Левица: Премиере, наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Одобрен во целост обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Алиу: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање