Утрински Весник
Спорт

Андреј Темов од Кисела Вода стана државен шампион во тенис до 12 години

Tenis.jpg

Кисела Вода доби државен шампион во тенис! На Државно првенство на Македонија за јуниори до 12 години, кое се одигра денес, титулата најдобар ја понесе Андреј Темов, ученик од ООУ Круме Кепески. Градоначалникот Ѓорѓиевски кој го бодреше, му ја честиташе победата и му посака понатамошни успеси. Му укажа дека и понатаму може да смета на поддршката која ја добива од Општина Кисела Вода и дека покрај финансиска поддршка, тој и сите други талентирани спортисти, можат да сметаат и на одлични услови за развивање на своите спортски потенцијали.

– Голема е мојата радост што денес нашата општина, Кисела Вода доби државен шампион во тенис до 12 години. Андреј Темов, кој честопати бил гостин во мојот кабинет, покажа како се креираат резултати кога некој е силно посветен на она што го сака. Овој извонреден успех е доказ за неговата посветеност, труд и талент, и ни покажува дека иднината на спортот во нашата општина е светла. Имав чест и привилегија лично да го бодрам Андреј на овој важен настан и од срце му ја честитам победата. Неговата истрајност и желба за успех се инспирација за сите нас. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, сакам да му посакам понатамошни успеси и да го охрабрам да продолжи да го следи својот сон.

Општина Кисела Вода ќе продолжи да го поддржува Андреј и сите други талентирани спортисти. Како и досега, ќе обезбедуваме финансиска поддршка, но и одлични услови за развивање на спортските потенцијали. Силно верувам дека со правилна поддршка и инвестиции во изградба на спортската инфраструктура, нашите млади спортисти ќе можат да постигнуваат уште поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина и држава на највисоко ниво. Честитки уште еднаш на Андреј Темов! Нека оваа победа биде само една од големата низа на успеси-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024