Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Забранети 250 нелегални онлајн приредувачи на игри на среќа во Македонија

539188887 1344829950982761 2000677393784328368 n.jpg

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска информира дека околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа кои немале извадено лиценца во Македонија се забранети.

– Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Особено загрозени се младите, кои често користат документи на своите родители за да играат нелегално. Тоа води до украдени пари, банкарски податоци и картички – рече Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе.


Министерот посочи дека процесот на затворање на нелегалните онлајн приредувачи е континуиран и секој месец се спроведуваат активности. Очекува до крајот на месецот да бидат забранети уште 50 такви приредувачи.

– На овој начин ги заштитуваме младите од „предатори на интернет“, чија цел е да ги украдат и злоупотребат податоците на граѓаните – истакна Андоновски.

Можете да прочитате

Едно лице извршувало две неспоиви функции во Битола, платило глоба, но не се откажало од една од функциите

Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница