
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го потпишал третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа, со што досега се затворени вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа.
-И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените. Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри на среќа, напиша на Фејсбук министерот Андоновски.
Новиот Закон за игри на среќа, посочува министерот Андоновски, дополнително ќе се справува со сеприсутното рекламирање и лажното претставување на приредувачите на игри на среќа.