Утрински Весник
Економија

Андоновски: Со 290% раст на издадени услуги и 166% раст на корисници во 2025, Порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата

Server04.global net.com 3.png

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма истакна дека Порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните.

Според податоците за 2025 година, Порталот за услуги оствари:


  *   290% раст на издадени услуги, и
  *   166% раст на корисници, што, како што нагласи министерот, е јасен показател дека граѓаните го препознаваат, го прифаќаат и с? повеќе го користат Порталот како најпрактична дигитална алатка во секојдневието.

„Со 290% раст на издадени услуги и 166% раст на корисници во 2025, Порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата, претставува средиште на електронските услуги кои што се нудат за граѓаните. Јас сум многу задоволен како граѓаните го препознаваат и како го користат, успешноста ја мериме на тој начин – преку бројки“, изјави министерот Андоновски.

Тој додаде дека денес Порталот е динамична платформа која генерира 3 до 4 нови услуги месечно, а токму услугите што се додаваат се меѓу најкористените од граѓаните.

„Ако имавме еден портал кој што беше не препознатлив и кој што луѓето не сакаа да го користат, денеска имаме портал кој што ѓенерира три до четири нови услуги месечно, а кои граѓаните најмногу ги користат.“, додаде Андоновски.

Во разговорот, министерот се осврна и на предизвиците со кои се соочува дигиталната трансформација во дел од институциите, посочувајќи дека во системот има определени институции кои процесите ги водат со значителна динамика, но и институции кои имаат „страв“ или немање воспоставен процес на дигитализација, бидејќи дигиталната услуга, на крајот, мора да произлезе од внатрешните системи на самата институција.

„Дигитализацијата не е процес на една Влада или на едно Министерство. Ова треба да биде процес на секоја институција – и на законодавна и на извршна и на судска власт. Дигитализацијата веќе не смее да се сфаќа како нешто што е убаво да се има, туку како нешто што е задолжително да се има“, истакна Андоновски.

Во своето гостување министерот говореше и за иницијативата „Роаминг како дома“ кој треба да стане достапна за македонските граѓани во земјите членки на Европската Унија, како и на законот за медиуми.

Можете да прочитате

Од полноќ поскапува дизелот – 24info.mk

Поскапуваат дизел горивата – 24info.mk

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите