Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави

Andonovski.jpg

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за МИА рече дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник и оти таа ќе биде презентирана на Дигиталниот самит на Западен Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје.

-Граѓаните тоа треба да го замислат како еден паричник со лични документи. Наместо да носите возачка дозвола и лична карта со вас како картички, можете да ги носите во вашиот мобилен телефон, и секако сите услуги ќе бидат достапни таму. Тест верзијата ја подготвуваме. Јас ќе ја презентирам, и ќе презентираме две услуги коишто ќе ги нуди таа тест верзија. Ќе го опипаме пулсот на граѓаните, ќе ја симнат граѓаните коишто ќе бидат присутни на Самитот, да можат да ја тестираат. И мислам дека до крајот на годината веќе ќе имаме верзија која што првпат ќе ја пласираме на сите отворени мрежи, нагласи Андоновски во интервју за МИА.


Тој информира дека на Самитот во Скопје ќе има 800 учесници од над 20 држави и оти целта била Скопје повторно да биде ставено на мапата на дигитално развиени економии, нашата држава како дигитална развиена држава, и да покажеме што сме сработиле изминатава година и која е визијата и плановите за во иднина.

Во однос на електронските услуги на граѓаните, министерот Андоновски вели дека целта е сите услуги, најкористените услуги од граѓаните да бидат достапни на еден клик.

-И порталот uslugi.gov.mk ќе го следи овој процес иако ние веќе започнавме со еден редизајн минатата година. Секоја нова надградба на порталот ќе значи упростување на изгледот, и полесни и подостапни услуги за граѓаните и за компаниите. И ова е предвесник на севкупната дигитализација на услугите, што значи дека следната фаза ќе биде дигитализација на односот на бизнис секторот кон државата, истакна тој.

Вели дека кога стапил на функцијата во Министерството и со формирањето на Министерството, порталот uslug.gov.mk имал помалку од 110.000 корисници, а во моментот, кажа Андоновски, бројката стигнува до 195.000 корисници, што значи дека за година, година и два три месеци, имаме дуплирање на бројот на корисници на порталот.

Можете да прочитате

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

Апасиев: Битка до Стразбур доколку македонските судови не реагираат на политичката дискриминација