Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Околу 40.000 студенти добија ваучери за купување електронски уреди

Andonovski.jpg

Четириесет илјади студенти го добиле својот ваучер за купување на електронски уреди во првата недела од повикот. Планирани се 55.000 ваучери и за студентите запишани на универзитетските студии во академската 2025/26 година истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Според Андоновски ова е еден од најважните проекти што ресорното министерство, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование, наука и технологија го имплементирало.

„Ова е еден од најважните проекти поврзани со надминување на дигиталниот јаз, често се зборува за тоа колку општеството напредува во дигитализацијата, додека остатокот заостанува. Бидејќи некои луѓе немаат пристап до електронски уреди. И оваа идеја на премиерот Мицкоски ја спроведе Владата, Владиниот секретаријат со порталот uslugi.gov.mk, кој го управуваме како министерство и е доста успешна. Целта е да се постигне 55.000 студенти од прв циклус на студии да добијат ваучери за електронски уреди“, објасни министерот Андоновски.

Во однос на начинот на кој се одвива процесот, министерот нагласи дека оваа мерка е една од најпопуларните мерки преземени досега во областа на дигитализацијата.

„Според податоците, нешто помалку од 40.000 апликации веќе се успешни, 40.000 студенти го добиле својот ваучер и можат да го користат во продавниците. Тоа е навистина предизвикувачки процес, можам да кажам дека првиот ден имавме околу 15.000 апликации само тој ден, што во споредба со 2023 година го надминува бројот на годишни апликации на порталот, така што порталот немаше толку голем број апликации во одреден момент, што го покажува интересот на граѓаните и студентите да аплицираат, довербата во институциите дека ќе добијат ваучер“, нагласи Андоновски.

Рокот за аплицирање за ваучери од страна на студентите е до 20.12.2025 година. Андоновски верува дека со оваа динамика ваучерите ќе бидат подигнати до првата недела од декември. Тој исто така истакна дека користењето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со делегација од Сенатот на Кралството Шпанија

Затвореник од охридскиот затвор починал во болница

Тешко повреден 33-годишник при судир меѓу мопед и „шкода“ на скопски булевар