Утрински Весник
Македонија

Андоновска: Се откажуваме од дискусиите, но Арсовска да достави одлука и уште вечерва да изгласаме префрлање на средства на ЈСП

Андоновска до Арсовска: Честито коалиција со ДУИ, но чесно ќе беше ова да го направевте пред изборите

Моето јавување сега во моментот е буквално од причина што ги слушнавме претставниците од Синдикатот кои што јасно кажаа пред цела македонска јавност и пред скопјани, дека скопјани утре од 4:30 повеќе нема да имаат градски превоз, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Иницијативата што денеска ја поднесе советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е токму во оваа насока, граѓаните на Скопје да не останат без градски превоз. Но, бидејќи сега во моментот слушнавме дека тоа ќе се случи утре од 4:30 часот, ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сме подготвени во моментот да се откажеме од сите дискусии кои што беа предвидени сега во моментот, да дадеме пауза ако треба од неколку часа и да побараме од градоначалничката одма денеска уште веднаш да ни ја достави одлуката, ќе седиме колку што е потребно и за да ја изгласаме таа одлука уште вечерва да се префрлат средства на вработените во ЈСП и од утре автобусите да можат слободно да се движат и граѓаните на Скопје да имаат превоз“ порача Андоновска.

Можете да прочитате

Сиљановска Давкова го честита еврејскиот празник Јом Кипур

Истрага против 52-годишен дилер на дрога и психотропни супстанции

Метео анализа: Претпладне облачно, потоа сончево со слаб ветер