Утрински Весник
Економија

Андонов: Енергетската транзиција е реалност, за една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

Андонов: Енергетската транзиција е реалност, за една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

Регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција, истакна Виктор Андонов соработник за енергетика во Владата на Република Северна Македонија на регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“ која се одржува во Копаоник.

dobivaj vesti na viber

Андонов на панелот „Обновливи извори реалност или мит” потенцираше дека токму оваа европска енергетска криза придонесе за зголемени активности во нови инвестиции во обновливи извори на енергија.

„За само една година во Северна Македонија изградени се над 80 мегавати на сончеви електрани, а се очекува до крајот на 2023 во македонскиот енергетски систем да има инсталирано околу 300 мегавати од фотонапонски електрани. Обновливите извори веќе се реалност во Европа и европските земји засилено инвестираат во нив. Владата на Република Северна Македонија, ја прифати таа реалност и ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040, базирана на Европскиот зелен договор. Во Стратегијата предвидена е изградба над 1.500 мегавати на фотонапонски електрани, над 700 мегавати ветерни електрани и над 500 мегавати големи хидроелектрани” истакна Андонов.

Андонов во своето обраќање го потенцираше значењето на пумпно акумулационата хидроцентрала Чебрен, за успешна енергетска транзиција на земјата и регионот. Исто така, ги потенцираше и големите проекти од стратешки интерес, како што се најголемата фотонапонска електрана Стипион од француската компанија Akyo Energy, најголeмиот ветерен парк Вирови од германската компанија WPD, како и комбинираната гасна електрана која треба да се изгради во Скопје од Mytilineos од Грција. Сите овие проекти треба да придонесат за успешна енергетска транзиција на земјата и да бидеме пример во регионот.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена