Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Реал има квалитет да го елиминира Сити

Anceloti.jpg

Шпанскиот Реал Мадрид и англискиот Манчестер сити ќе одиграат првиот четвртфинален меч во фудбалската Лига на шампионите. Најтрофејниот тим со совоени евопски трофеи во елитното клупско натпреаврување Реал и актуелниот бранител на титулата англискиот Манчестер сити се среќаваат трет пат во низа во нокаут-фазата за европската титула. Пред две сезони Реал го елиминира Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите, додека англискиот клуб возврати минатата сезона, исто така во полуфиналето. На последните четири натпревари на овие две екипи во Лигата на шампионите беа постигнати 17 голови. Во меѓусебните дуели Сити славел на четири, Реал на три, додека три натпревари завршија нерешено. Пред утрешниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ за медиумите говореше Карло Анчелоти кој ќе го има својот рекорден 200. натпревар во Лигата на шампионите. -Најважно е да одиграме добар натпревар. Психолошкиот аспект е многу важен, тоа што ќе го покажеме на теренот е многу важно. Имавме доволно време да се подготвивме за овој натпревар и мислам дека добро си ја завршивме задачата. Имам доверба во моите играчи и мислам дека ќе дадат се од себе во секој аспект потребен да се одигра добар натпревар – ментално, физички и технички. Имаме доволно квалитет за утрешниот натпревар. Мислам дека сме подобри од нив во некои аспекти. Верувам дека и тие го имаат истото мислење. Но, ќе видиме како ќе изгледа се тоа на терен. Тој кој ќе изгледа подобро на теренот тој ќе победи. Претходната година одигравме реванш без карактер. Храброста и менталитетот се клучни за вакви натпревари, а нам ни недостасуваа во тој реванш, изјави Анчелоти.

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ