Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Ова беше мојата најдобра сезона како тренер

D0b0d0bdd187d0b5d0bbd0bed182d0b8 D0bdd0b5 D181d183d0bc D181d0b8d0b3d183d180d0b5d0bd D0b4d0b0d0bbd0b8 D182d180d0b5d0b1d0b0 D0b4d0b0 D198 63dac69b6f773.jpeg

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка за сезоната која е во завршница.

Реал Мадрид синоќа во натпревар од 37. коло на Шпанското фудбалско првенство го победи Алавес со 5:0.

– Тимот има многу таленти, многу млади луѓе и многу квалитетен тим. Овој клуб може да одбележи ера во иднина со оглед на вредноста на младите играчи кои ги имаме во моментов. Ова беше мојата најдобра сезона како тренер. Тимот се претстави фантастично во Ла Лига, достојно и без никаков сомнеж ја освоивме титулата. Сите чекаа наш пад, но до тоа не дојде. Среќни сме и на седмо небо. Но, треба да продолжиме бидејќи сè уште не сме го одиграле најважниот натпревар, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на клубот.

Реал Мадрид ја освои деветтата победа во низа во Ла Лига.

Тимот предводен од Карло Анчелоти, кој одамна ја обезбеди шампионската титула е лидер во поредокот со 93 освоени бодови.

Алавес е на 11. место со 42 бода.

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција