Утрински Весник
Македонија

АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при извршени претреси на две локации во Скопје

Grb na anb.png

Во врска со претходно обезбедените податоци на Агенцијата за национална безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи, на ден 19.07.2025 година, по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, беше извршен претрес на дом и други простории на две локации во Скопје, по основ на член 396 од Кривичниот законик – недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи.

При претресот беа пронајдени и одземени огнено оружје и мобилни уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа.


Лицата кај кои беше извршен претрес се веќе познати на Агенцијата за национална безбедност и органите на прогонот поради нивни претходни против уставни активности. Едниот од нив има и одлежана затворска казна поради учество во насилните протести поврзани со случајот „Монструм“.

Случајот е во понатамошна постапка и обработка од страна на надлежните институции

Можете да прочитате

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Богојевски разрешен од директорското место, но се шета во Њујорк од Еразмус!

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово, на ГП „Табановце“ се чека половина час