Утрински Весник
Македонија

Јанаки кон Богојески: „Освои 159 гласови, за да основаш партија ти требаат 1.000 основачи – самите основачи не го гласаат“

Image 239364.jpg

Адвокатот Јанаки Митровски вчера го искоментира лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески за бројот на освоени гласови на последните локални избори кои се одржаа во неделата.

„Кога му понудив на Петар Богојески кладба во 100.000 денари ако Македонски Концепт освои 3.000 гласа на локални избори, тој јавно се исплаши. Те ситна пара било, те коцкар сум бил. И ми рече 300 гласа му биле доволно да ја финансира партијата. Е освои фантастични 159 гласови“, пишува Јанаки во својот Фејсбук статус.


Тој исто така во објавата вели дека по Закон за да основаш политичка партија требаат 1.000 основачи и дека Богојески самите основачи не го гласаат.

„П.С. Бунтур уште ја чекам тужбата за и во суд да бришам под со тебе“, додаде адвокатот Митровски.

Извор: Скопје инфо

Можете да прочитате

Малолетник заврши на ургентен – ова е причината!

Фатен на дело дилер на дрога – ја продавал на три лица во Охрид

Патничко возило со американски ознаки излетало од патот кај Кичево – едно лице тешко повредено