
Ана Михајлов е назначена за вршител на должност директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, објави 4NEWS.mk
Со тоа, досегашниот директор Петар Богоевски е разрешен од функцијата. Промената е евидентирана во Централниот регистар на Македонија на 4 август 2025 година. Богоевски на позицијата се задржа два и пол месеци.
За неговото заминување објави самиот на социјалната мрежа „Фејсбук“ преку статус каде напиша дека „договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.“
Богојески на функција дojде на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020 година. По неговото доаѓање имаше реакции од Европската комисија во одговор на новинарско прашање каде соопштија дека ќе бараат да разговараат со министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на Богојески, наведувајќи дека Комисијата не била вклучена во селекцијата и номинацијата на директор на Агенцијата.