Утрински Весник
Економија

Анѓушев прв ќе воведе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори

Анѓушев прв ќе воведе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори

Фирмата Цетрал Инвест на бизнисменот Кочо Анѓушев прва ќе донесе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија која се произведува од електрани од обновливи извори.

dobivaj vesti na viber

Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW (мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата.

Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори, пред се од сончеви (фотонапонски) електрани. Складирањето на вишоците ќе го спречи тоа што сега случува-да има преголемо производство на електрична енергија која не може да се потроши во моментот кога се произведува. Батериите ќе овозможат струјата која преку ден е вишок, да може да се користи тогаш кога ќе биде потребна.

Инаку, компаниите на Анѓушев, кои меѓу другото поседуваат хидроелектрани, фотонапонски и био гасни електрани, лани остварија раст на приходите од 135%.

ПР

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира