Утрински Весник
Македонија

АМСМ: Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има во Крушево, Маврово и Стража

Magla.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има во Крушево, Маврово и планинскиот премин Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата