Утрински Весник
Спорт

Амрабат пред трансфер на „Олд Трафорд“

Амрабат пред трансфер на „Олд Трафорд“

Софијан Амрабат го избра Манчестер Јунајтед. Така барем тврдат извори од Италија и од Мароко, кои велат дека Амрабат се откажал од чекање на Барселона и Атлетико Мадрид и се свртел кон Премиерлигата избирајќи го Манчестер Јунајтед.

dobivaj vesti na viber

Амрабат, кој експлодираше на Мундијалот во Катар, со месеци е цел на неколку големи европски клубови. Фиорентина вети дека ќе му излезе во пресрет и одреди реална цена од 30 милиони евра, а Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати.

Сепак, Јунајтед најпрвин сака да доведе нов напаѓачот, прва цел е Хојлунд од Аталанта, а потоа да ја засили конкуренцијата во средниот ред.

Амрабат треба да дојде како конкуренција на Касемиро во зависност од тоа на која позиција Ерик тен Хаг ќе го употреби Мејсон Маунт, кој треба да биде стандарден покрај Бруно Фернандеш.

Сепак, сезоната е долга, па таква ќе мора да биде и клупата, а со доаѓањето на Амрабат, Манчестер Јунајтед навистина би имал „убиствен“ среден ред.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара