Разузнавачки податоци покажуваат дека Иран побарал помош од Русија во форма на набавка на дополнителни нуклеарни материјали и производство на нуклеарно гориво. Горивото би можело да му помогне на Иран да ги напојува своите нуклеарни реактори, скратувајќи го времето што му е потребно за да направи сопствено нуклеарно оружје.
Сепак, експертите за „Си-ен-ен“ изјавија дека ризикот од ширење на нуклеарното оружје варира во зависност од тоа за кој реактор се користи горивото. Исто така, не е јасно дали Русија се согласила да помогне – Кремљ долго време се спротивставува на Иран да добие нуклеарно оружје.
Овие барања на Иран, како што се додава, се обид за дополнително зајакнување на партнерството на овие земји, кое Иран веќе го зајакна претходно со испраќање дронови и друга воена опрема во Русија поради војната во Украина. Се смета и дека Русија му помогнала на Иран во смирувањето на големите протести кои се случуваат во таа земја.
Иран вели дека неговата нуклеарна програма ќе служи за единствена цел за одржување на мирот. Тие додадоа дека официјално ја суспендирале својата програма за нуклеарно оружје, но американските разузнавачки агенции веруваат дека активностите на Иран за збогатување ураниум одамна ги надминале параметрите на нуклеарниот договор од 2015 година. Тие веруваат дека Иран сега го делат само неколку месеци од производството на нуклеарно оружје.
„Нуклеарната програма на Иран напредува брзо, колку подолго го дозволиме тоа, толку побрзо ќе ја завршат. Мислам дека сега ги делат само неколку месеци од таа цел, и ако продолжат вака, ќе го намалат тоа време на само неколку недели“, предупреди американскиот државен секретар Ентони Блинкен во јуни.
Очите на Бајден и неговата администрација сега се насочени кон односите меѓу Иран и Русија. Секоја промена во позицијата на Русија по ова прашање би била значајна, бидејќи тие до сега беа жестоки противници на иранската нуклеарна програма.
„Како што рековме, иранскиот нуклеарен договор не е на дневен ред“, рече портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, додавајќи дека силно ќе се спротивстави на натамошното зајакнување на врските меѓу Русија и Иран по ова прашање.
Иранската делегација во ОН и руското Министерство за надворешни работи одбија да ги коментираат овие наводи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Иран бара помош од Русија со својата нуклеарна програма во замена за воена помош, но податоците собрани од САД не можат дефинитивно да кажат дали станува збор за quid-pro-quo однос, според извори.
Но, барањата на Иран до Русија сугерираат дека иранските власти веруваат оти новиот нуклеарен договор нема да се случи или, ако се случи, нема да трае.
Изворите сметаат дека иранската потрага по партнер настанала поради страв дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор, како што тоа го направи администрацијата на Доналд Трамп во 2018 година, па решиле да бараат партнер во Русија.
Иран претходно побара од САД гаранција дека нема да се повлече од договорот во иднина, но САД рекоа дека не можат да го ветат тоа.
„Договорите што Русија ги правеше на страна и претходно ги разнишаа темелите на договорот од 2015 година и какви било понатамошни договори значително би ја намалиле можноста да се вратиме на тој договор“, рече висок американски функционер кој одби да ги коментира наводите на разузнавањето.
Џејмс Актон, ко-директор на Програмата за нуклеарна политика во Карнеги фондацијата за меѓународен мир, рече дека не верува оти на Иран му е потребна помош, но сака да произведува гориво побрзо, поевтино и на пократок временски рок.
„Во нивен интерес е да побараат помош, особено кога станува збор за гориво“, рече Актон.