Утрински Весник
Свет

Американските сили нападнаа цели на јеменските бунтовници Хути

20240615085118 Big 730x400 47.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека американските сили уништиле седум радари на јеменските бунтовници Хути, едно беспилотно летало и два површински морски беспилотни летала во Јемен во изминатите 24 часа.

Американскиот одговор уследи по нападот врз грчкиот товарен брод Тутор, што пловеше под знамето на Либерија, а превезуваше јаглен. Од оштетениот брод при нападот на Хутите евакуиран е екипажот. Бродот бесцелно плови низ Црвено Море, а продолжува потрагата по исчезнатиот морнар, соопштија филипинските власти и Поморските трговски операции на Велика Британија.

– Постои план за отпочнување на операција за спасување на бродот Тутор, кој превезуваше јаглен под знамето на Либерија. Екипажот на бродот се состоеше од 22 Филипинци, од кои 21 се спасени, а сè уште се трага за уште еден морнар, изјави филипинскиот министер за работници мигранти, Ханс Лео Какдак.

Нападот врз бродот во грчка сопственост се случи на 12 јуни во близина на јеменското пристаниште Ходеида. Тоа е трет напад на Хутите врз брод управуван од филипински морнари од минатата година, при што двајца филипински морнари беа убиени, а 17 сè уште се во заробеништво.

Хутите ја презедоа одговорноста за нападот врз бродот Тутор. Од ноември Хутите користат беспилотни летала и проектили за да ги напаѓаат бродовите во Црвено Море, во теснецот Баб ал-Мандаб и во Аденски Залив, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски