Утрински Весник
Свет

Американскиот секретар за внатрешна безбедност вели дека беспилотните летала забележани на небото не се поврзани со странски сили

20241216071736 Big 730x400 27.webp.webp

Американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас изјави дека беспилотните летала забележани на небото над Њујорк и Њу Џерси не се поврзани со странски сили, јави ДПА.

По бројните извештаи за забележани дронови на истокот на САД, администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека обезбедила дополнителни ресурси за решавање на проблемот.


 „Дополнителен персонал и технологија се мобилизирани за поддршка на полицијата во Њу Џерси“, изјави секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас во телевизиско интервју за Еј-Би-Си.

„Нема сомнеж дека некои луѓе гледаат дронови. . . Сакам да ја уверам американската јавност дека работиме на тоа“, додаде тој.

Мајоркас рече дека илјадници беспилотни летала летаат во САД секој ден и нагласи дека минатата година Федералната управа за авијација ги променила правилата за да им дозволи да летаат ноќе.

Тој, исто така, повтори дека нема докази за вмешаност на странски сили поврзани со дроновите.

Американски медиуми со денови објавуваат извештаи и дискусии за појава на дронови на небото на источниот брег, особено во државите Њу Џерси и Мериленд.

Можете да прочитате

Фотографија направена со „Гугл мапс“ реши убиство во Шпанија

Русин осуден на 20 години затвор затоа што се обидел да ги отруе војниците

Форд повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со ДПФ