Утрински Весник
Спорт

Американскиот бејзбол играч прв во историјата кој играл за два тима на ист натпревар

Je.png
Dik 300x250 mk

Бејзбол играчот на Бостон ред сокс, Дени Jансен, стана првиот играч во историјата на професионалниот спорт кој играл за двата тима на официјален натпревар.

Jансен (29) беше дел од тимот на Торонто Блу ​​Џејс на 26 јуни 2024 година, на натпревар од бејзбол лигата во Северна Америка од против неговиот сегашен клуб. Натпреварот беше прекинат поради дожд и беше одлучено остатокот да се доигра вчеравечер.

На 27 јули, Jансен беше разменет во Бостон, а тој влезе во игра на  натпревар против неговиот поранешен клуб со Ред Сокс.

– Бев изненаден кога дознав дека јас сум првиот што го направил ова. Убаво е да се остави таков белег. Интересно е и чудно. И јас сум благодарен за оваа можност, изјави Jансен за „ESPN“.

Поранешниот тим на Јансен го победи неговиот сегашен тим, Бостон, со 4:1. 

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс