Утрински Весник
Свет

Американскиот амбасадор во ОН: Косово и Србија итно да го спроведат договорот за нормализација

Американскиот амбасадор во ОН: Косово и Србија итно да го спроведат договорот за нормализација

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас Гринфилд, на одвоени средби со шефовите на дипломатиите на Косово и на Србија ги повика двете земји веднаш да го спроведат постигнатиот договор за нормализација, пренесува Радио Слободна Европа.

dobivaj vesti na viber

Гринфилд разговараше со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вчера во Њујорк, ден пред седницата на Советот за безбедност за Косово. Претходно во средата, таа се сретна со вицепремиерот на Косово и министер за надворешни работи, Доника Гервала-Шварц.

„САД ќе продолжат да бидат активно ангажирани во поддршката на Косово и на Србија бидејќи тие ги исполнуваат своите обврски за постигнување предвидливи и мирни односи“, му рекла Томас-Гринфилд на српскиот министер со кого разговарале и за важноста на долгорочното партнерство меѓу САД и Србија.

Таа исто така ја нагласила важноста на тоа двете страни итно да ги спроведат обврските од историскиот правно обврзувачки договор за нормализација што го постигнаа, се вели во изјавата на портпаролот на мисијата на САД во ОН, Нејт Еванс.

Како што беше соопштено од Министерството за надворешни работи на Србија, Дачиќ во разговорот со американската амбасадорка истакнал дека Србија ќе го задржи конструктивниот став во однос на европскиот предлог и на спроведувањето на акцискиот план за натамошно нормализирање на односите со Приштина.

Сепак, Србија повторно има црвени линии од кои нема да се откаже. Дачиќ истакнал и дека работата на УНМИК во полн капацитет е од големо значење за Србија имајќи ја предвид чувствителната ситуација во Косово.

Шефот на српската дипломатија изразил и надеж дека во наредниот период ќе се реализира посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Србија.

Во разговор со косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервали-Шварц, амбасадорката Томас-Гринфилд повикала на итна примена на договорот за нормализација меѓу Србија и Косово.

Во изјавата на Еванс се вели дека Томас-Гринфилд и косовската министерка разговарале и за „долгорочното партнерство меѓу САД и Косово.

Србија и Косово треба да ги продолжат преговорите за нормализација на односите – што ги водат со посредство на ЕУ- на 2 мај во Брисел. Преговорите ќе продолжат во пресрет на засилените дипломатски активности на западните партнери, пред сè, на ЕУ и на САД.

Тие напори резултираа со постигнување на договорот од Охрид со кој косовскиот премиер Абилн Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се договорија за имплементација на спогодбата за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина