Утрински Весник
Свет

Американски суд: ФБИ злоупотребил лични податоци 278.000 пати

Американски суд: ФБИ злоупотребил лични податоци 278.000 пати

Американскиот суд утврди дека ФБИ неправилно барал информации од националната база на податоци на странски разузнавачи 278.000 пати во текот на неколку години, вклучително и информации за Американци осомничени за злосторства, се вели во судската одлука.

dobivaj vesti na viber

Пресудата ја донесе судот за надзор на странски разузнавачки служби, а ја соопшти Канцеларијата на директорот на националните разузнавачки служби (ОДНИ), пренесе Ројтерс.

ФБИ бил заинтересиран за потенцијално странско влијание врз одредени настани, како што се немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година и по протестите во 2020 година поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, соопшти судот.

Разузнавачката база на податоци собира дигитални и други информации за поединци.

Делот 702 од амандманот од 2008 година на Законот за надзор на странското разузнавање (FISA) од 1978 година легализираше тајна програма за прислушување, одобрена од администрацијата на Буш, дозволувајќи им на американските разузнавачки агенции да ги следат пораките од странство испратени преку американските мрежи, како што е Гугл.

Сепак, судот утврди дека ФБИ ги прекршил правилата на ФИСА, особено за време на кривичните истраги помеѓу 2016 и 2020 година, бидејќи, како што е наведено, „немало рационална причина тие да очекуваат да најдат докази за злосторства или странска разузнавачка работа“, иако ФБИ верувал дека постои основа за такво нешто.

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница