Утрински Весник
Свет

Американски сенатор го обвини Израел за воени злосторства

20240213101303 big 730x400 90.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот сенатор од Мериленд, Крис Ван Холден денеска го обвини Израел за воени злосторства во Појасот Газа.

„Децата во Газа сега умираат од намерно лишување од храна. Тоа е воено злосторство. Тоа е воено злосторство од учебник. И тоа ги прави воени злосторници оние кои го оркестрираат“, рече Ван Холден за време на неговиот говор во Сенатот.

Тој додаде дека американскиот претседател Џо Бајден мора да преземе мерки како одговор на настаните во Појасот Газа.

„Сега прашањето е што ќе направат САД. Што правиме? Што ќе направи претседателот Бајден? Тој мора да преземе акција“, рече сенаторот, наведувајќи дека од владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да се бара да дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до Газа.

Ван Холден рече дека ако Нетанјаху одбие, тогаш Бајден мора да престане да испраќа помош за Израел.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро