Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Американски портал издвои најдобри места за соло патување

Американски портал издвои најдобри места за соло патување
300x250 opst2

Американскиот портал „Трилист“, кој покрива теми за храна, напитоци, патувања и забава, објави напис со наслов „15 места за соло патување на животот“ (15 Places to Take the Solo Trip of a Lifetime).

dobivaj vesti na viber

Порталот посочува дека е важно понекогаш да отидете на патување сами за да можете да си удоволите и да си ги исполните желбите без да морате да ги земате предвид желбите на вашите придружници.

На листата има различни дестинации, од мали скапоцени гратчиња до раздвижени престолнини каде што изгубеноста е дел од авантурата, велат авторите на текстот.

Така, на листата се најдоа градови како Севиља во Шпанија, Рединг во Калифорнија, Бангкок, Париз, Атина, Берлин… Спомнати се земји како Велс, Белгија, Ирска, Мароко и Хрватска.

Што се однесува на Хрватска како една од идеалните дестинации за соло патување, истакнати се некои градови кои вреди да се посетат. „Дубровник може да биде малку поскап. На крајот на краиштата, тој е еден од најпосетените хрватски градови. Но, ако возите по хрватското далматинско крајбрежје, ќе најдете убави вина, сирења, морски плодови и места за сончање кои би можеле само да ги посакате,“ се наведува во текстот. Го споменуваат и Паг, Задар и Стон.

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?