Утрински Весник
Свет

Американски ловци пресретнале пет руски авиони кај Алјаска

20260221094943 big 730x400 29.webp.webp

Северната команда за воздушна одбрана на САД (НОРАД) соопшти дека вчера испратила воени авиони за да пресретнат пет руски авиони што летале во меѓународниот воздушен простор крај западниот брег на Алјаска, нагласувајќи дека руските авиони не биле непосредна закана.

Командата соопшти дека забележала и следела два руски бомбардера Ту-95, два борбени авиона Су-35 и еден шпионски авион А-50 што летале во близина на Беринговиот Проток.

Како одговор, НОРАД испратила два авиона Ф-16, два Ф-35, еден Е-3 и четири авиони танкери КЦ-135 за да ги пресретнат, идентификуваат и да придружуваат руските авиони надвор од тој воздушен простор.

– Руските воени авиони останале во меѓународниот воздушен простор и не влегле во суверениот воздушен простор на САД или Канада, соопшти НОРАД. Исто така, се нагласува дека таквата активност „се случува редовно и не се смета за закана“.

Руските авиони биле во област во близина на Беринговиот Проток, тесен воден пат од 80 километри што ги раздвојува Тихиот и Арктичкиот океан и се нарекува Зона за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.

Ваквите зони започнуваат таму каде што завршува суверениот воздушен простор. Иако станува збор за меѓународен воздушен простор, од сите авиони се бара да се идентификуваат кога влегуваат во таква зона во интерес на националната безбедност, соопшти НОРАД.

Седиштето на НОРАД е во воздухопловната база Петерсон во Колорадо, но неговите операции во Алјаска се наоѓаат во заедничката база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ.

Можете да прочитате

Макрон за царините на Трамп: Добро е да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса